Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МТСП подготвува пакет мерки за подобро и вистинско унапредување на состојбата на лицата со попреченост

Соопштение на Министерство за труд и социјална политика:

Предлог- законот за изменување на Законот за детска заштита поднесен од Левица, е неприфатлив и паушален фокусиран само на финансиската поддршка без да се земат во предвид останатите потреби на децата и лицата со попреченост. Без анализи законските решенија се само популизам и ништо повеќе. Министерството работи на пакет мерки кои ќе значат финансиска поддршка и трајно решение, кои ќе придонесат за вистинско унапредување на лицата со попреченост.

Во изминатиот период како министерство бевме во интензивна комуникација со здруженијата на родители на деца со попреченост и врз основа на нивните барања креираме пакет на законски измени и мерки кои значат унапредување на состојбата на децата и лицата со попреченост.

Во текот на утрешниот ден Министерството за труд и социјална политика подетално ќе ја информира јавноста за конкретните чекори кои ќе ги преземе, а со цел подобрување на правата, а со тоа и животниот стандард на лицата со попреченост.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК