Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Викендов времето ќе биде облачно со дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови, а повремените врнежи ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе се прошири засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во нтервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 23 степени.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса утре и в понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има в недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +