Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште шестмина руски дипломати ќе бидат протерани од Македонија

Министерството за надворешни работи информира дека денеска бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

МНР пред две недели прогласи петмина дипломати на руската амбасада во Скопје за непожелни. Од почетокот на војната во Украина, Русија ја прогласи Северна Македонија за непријателска држава, откако земјава се приклучи кон санкциите на ЕУ.

Минатата година двајца руски дипломати беа прогласени за персона нон грата, едниот во мај, а вториот во август и беа протерани од Северна Македонија.

И во двата случаја Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

ДЕСК

Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани. Инвестираме 5,5 милиони евра само во инфрастрктурата, подобрувањето на животот во Кочани е приоритет за Владата

ДЕСК