Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Николовски: Ги зголемуваме трговските капацитети со Република Турција

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес оствари работна средба Вахит Киришчи, министер за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција.

Двајцата министри ја потврдија досегашната трговска размена помеѓу двете пријателски земји и ги прецизираа идните активности во насока за зголемување на трговските капацитети и обезбедување дополнителни количини на вештачки ѓубрива за нашите земјоделци.

Министрите на работниот состанок изразија заедничка согласност за реактивирање на земјоделската насочувачка комисија, која повеќе од 10 години не е во функција, а чија клучна цел е проширување на палетата производи за кои би имало намалување на царинските стапки од страна на двете земји.

На средбата министерот Николовски со својот турски колега Коришички разговараше и за продолжување на соработката помеѓу двете држави околу моделот за осигурување на земјоделски поседи на којшто во моментов работи министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можеби ќе ве интересира

Функционер барал 100.000 евра мито, го фатиле кога требало да добие прва рата од 50.000 евра

ДЕСК

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК