Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Талески: Во Законот за наставници и стручни соработници беше предвидена синхронизација на платите, но опозицијата блокираше

„Пред една година во Собранието беше поднесен Закон за наставници и стручни соработници каде беше опфатен и сегментот за покачување и синхронизација на платите со минималната плата. Доколку тој закон не беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ, сега ќе имаше раст на платите на наставниците“ рече пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека целта на минималната плата е да се создаде спирала на плати за постепено да растат платите во сите сектори.

„Апелот наш, како владејачка коалиција е да се продолжи со социјален дијалог, за да се најде начин да се реши целиот процес“ рече Талески.

Тој порача адресата за протестот на СОНК треба да биде ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи доколку законот беше донесе, денес вработените во основните и средните училишта ќе имаа синхронизирана плата со минималната плата.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК