Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Родителите на прегазената Викторија гневни: Згрозени сме од државата и судството

Згрозен сум од оваа држава, рече таткото на Викторија Николова, по денешната пресуда од три години затвор за возачот кој ја прегази и усмрти.

„Згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава. Затоа има толку голем процент на недоверба кај нас“, рече тој.

Мајката на Викторија, со плач ја дочека пресудата. За родителите и за адвокатот на одбраната оваа пресуда е несериозна.

Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК