Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

20. годишник од Велес шетал со руска пушка низ градот

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници.

Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК