Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Детали за денешниот инцидент во Велес: Полицијата пукала во воздух откако криминалец извршил неуспешно бегство додека чекал да биде изведен пред судија

На 08.04.2022 во 11.00 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СРВ Велес го лишиле од слобода А.Р.(20) од Велес поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во куќи. Тој бил задржан во полициска станица и денеска во 08.00 часот бил спроведен во Основен суд Велес за да биде изведен пред судија на претходна постапка.

Откако го предале на судијата, полициските службеници останале во ходникот пред судницата. Тој во судницата ја турнал дактилографката и избегал преку отворениот прозорец. По преземени мерки, во 11.00 часот А.Р. бил пронајден и приведен во СВР Велес.

При превземањето мерки, во два наврати полициски службеници испукале предупредувачки куршуми во возудх.

А.Р. бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Скопје за издржување на казната притвор, која му ја определи судија на претходна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО ТЕТОВО – „Сузуки“ удрило во 56-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница

ДЕСК

ДАЛА 450 ЕВРА ЗА МЕБЕЛ, ПО ДВА МЕСЕЦА НИТУ МЕБЕЛ НИТУ ПАРИ – 50-годишна жена од Тетовско пријавила измама

ДЕСК

АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

ДЕСК