24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Д-р Чолакова-Дервишова: Не земам 3.600 евра плата, медиумите спинуваат

Спин е информацијата дека јас земам 3.600 евра плата, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари, откако дел од медиумите денеска објавија дека нејзината ординација во февруари добила околу 3.600 евра за капитација од Фондот за здравство.

Во вечерашната емисија „Вин-вин“ на Телма, Чолакова-Дервишова обајснува дека таа сума не е воопшто тајна, но оти не станува збор за плата, туку за сума со која функционира целата нејзина ординација.

„Со тие пари се подмируваат тековните трошоци. Во приватното здравство ни немаат штрафче дадено, а доктор Лилија е меѓу првите десет кои државата не ја вработила во јавно здравство. Последното примање од Фондот е во месец јануари и ако почнете да ги сметате трошоците, јас сум на 40 илјади пријавена, другата доктрока е над 30 илјади, сестрата е на 28 илјади, другата е на 26 илјади, а имаше и период бидејќи другата сестра е на хемотерапија, имате период кога треба да платите три сестри, да не ги кажуваме струјата, сметките и другите трошоци, како и да тргате на страна за да платите и К15“, вели Дервишова.

Таа откри дека наспроти незадоволството и денешниот протест, со здравствените власти се договориле да се сретнат на 14 април.

„90% од нашите барања се суштински, а прво барање е покачување на капитациониот бод, кој не е покачен од 2018 година кога од 55 стана 63 денари, а некој во оваа влада во проектот да биде 90, но ние сме тука да се согласиме на компромис и да ја видиме методологијата врз основа на што е направен овој бод. Не може никој да не се змара и да не преговатра со нас 4 години, и да не прашаат кои се нашите трошоци. Треба да седнеме и да преговараме како ќе се смени моделот“, вели претседателката на Здружението на матични лекари.