17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од расипнички набавки

ВМРО-ДПМНЕ измислува конскрукции за редовни набавки на стоки за државните институции, во обид да го дефокусира вниманието на јавноста од неработењето и неспособноста на нивните градоначалници, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Димче Арсовски.

„Во време на најголема светска економска криза, додека Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар го насочува кон граѓаните и компаниите, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од расипнички набавки на скапи телефони и компјутери, како и вдомување на партиски кадри во општините.

Градоначалничката на Скопје троши 670.000 евра за париски вработувања, додека вработените во ЈП ‘Лајка’ со месеци не зеле плата.

Само во пет скопски општини градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.

Ова се сериозни средства, со кои можат да им помогнат на граѓаните и на јавните претпријатија“, нагласуваат од СДСМ.

Спонзорирано: