17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Јовановиќ го демантира Бишевац: Во повеќе држави во регионот не владее десницата

Фејсбук статус на аналитиарот Ненад Јовановиќ:

И Сафет знае што е десница и регион. Шега на страна, Еди Рама во Албанија не е десница; Мило Ѓукановиќ и Дритан Абазовиќ во Црна Гора не е десница; Хртватска, иако го има Пленковиќ, сепак го има и еден Миловановиќ кој заедно со Ѓукановиќ, ма кој и што да мисли за Мило, тоа се двата најталентирани политичари на Балканот; во Северна Македонија немаме десница, ја имаме Владата на Ковачевски; во Бугарија со Петков, се дава некоја надеж дека тие националистички глави ќе станат малцинство. БиХ е надвор од конкуренција затоа што тоа е најранлива и најбезнадежна држава во моментот.

Така што, најголемата матица за десничарењето во моментот е Унгарија на Орбан. Може да биде и Србија, ама лично не верувам бидејќи Рама, Вучиќ и Ковачевски имаат важен проект што е антинационалистички и се нарекува Отворен Балкан. Отворен Балкан е поддржан од Европа и САД.

Ама тоа е така кога Сафет – незнајко анализира.

Спонзорирано: