Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со антикризните мерки вредни 400 милиони евра им помагаме на граѓаните во криза

Во интервју за емисијата „360 Степени“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека со сетот антикризни мерки им се помага на граѓаните и се штити нивниот економски стандард од ценовни шокови.

„Во време на криза мислиме на ранливите категории
граѓаните, затоа обезбедивме дополнителни 1.000 денари, мислиме на пензионерите и ги покачуваме пензиите, мислиме и на оние работници кои беа на минимална плата и затоа ја зголемивме минималната плата“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека се преземаа
навремени чекори со кои се спречија нови ценовни шокови за граѓаните.

„Ако не ги преземевме овие мерки, во однос
на намалувањето на ДДВ од пет на нула отсто на основните продукти, да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе мораа да плаќаат по 1.500 денари повеќе. Ако немаше намалување на ДДВ за нафтените деривати, на просечна потрошувачка, секој граѓанин
ќе плаќаше 300 денари повеќе. Ако не направевме субвенционирање на производството на струја и на цената на струјата која ја субвенционираме 80 отсто, сметките за струја за секое семејство ќе беа за 2.150 денари месечно“ посочи претседателот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК