Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Членовите со бенефициран стаж имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд

Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавностa дека во согласност со законот членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година во согласност со член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од денеска (1 април), имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд најдоцна до 1 јули годинава.

„Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 1 јули 2022 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).

Членовите што нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ), од каде што ќе го остварат правото на пензија“, се наведува во соопштението на МАПАС.

Можеби ќе ве интересира

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на “Алкалоид” при официјалната посета на владина делегација на компанијата

ДЕСК

Убава вест: Ново поевтинување на дизелот

ДЕСК

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

ДЕСК