25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Започна финалното одбројување до големото отворање на Diamond Mall – новиот трговски центар во строгиот центар на Скопје

Новиот трговски центар Diamond Mall се очекува да биде отворен во март 2023 година. Тој е интегрален дел од мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje што е лоциран во строгиот центар на Скопје. Компанијата „Лимак“ инвестира 250 милиони евра во изградбата на овој проект, а покрај големиот трговски центар, дел од него се и хотелот со пет ѕвезди Limak Skopje Luxury Hotel, четири станбени кули со 772 станови, деловен центар, уредена зелена површина од 11.000m² и затворен паркинг простор за 3.200 возила.

Diamond Mall располага со 180 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², како и зона за забава (Dream Zone) со површина од 7.000m², што е повеќе од кој било друг мол во земјата и пошироко. Овој простор опфаќа едукативни и забавни содржини наменети за различни возрасни групи, од деца од најмала возраст до млади. Исто така, во состав на Diamond Mall постои и специјален автентичен простор „Gourmet Avenue“, наменет за различни типови на кафулиња, барови и ресторани од отворен и полуотворен тип.

Со ваквиот уникатен архитектонски концепт, кој ќе понуди врвно искуство преку комбинацијата на шопинг, забава и дружење, Diamond Mall со сигурност ќе прерасне во новото популарно собирно место за сите жители и посетители на македонската метропола.

Освен врвната локација, голема предност што оди во прилог на ваквиот концепт е достапноста, односно лесниот пристап на сите посетители на молот, независно дали доаѓаат со возило, со јавен превоз или пешки. Имено, молот располага со голем број различни влезови кои овозможуваат лесна пристапност од кој било дел на централното градско подрачје. Дизајнот на Diamond Mall е компактен, прилагоден на потребите на купувачите, без непотребни галериски површини што овозможува лесна навигација, голема прегледност и видливост на брендовите за посетителите.

Во изградбата на Diamond Mall се применети највисоките и најсовремените стандарди за изградба на ваков вид објекти.

Групацијата „Лимак“ неодамна прослави 45 години од своето постоење. Со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанаккале) 1915, кој е најдолг висечки мост во светот, меѓународниот аеродром во Кувајт, хидроцентралата Јусуфели, трета по големина брана во светот откако ќе биде изградена, како и многу други. „Лимак“ беше рангирана на 56 место на листата на 250 најдобри градежни компании во светот за 2021 година. Оваа глобално позната листа ја подготвува Engineering News Records (ENR), рангирајќи ги најголемите градежни компании во светот според нивните градежни активности на странски пазари.