Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Културните работниции бараат кратење на инвестиции и програма за поголеми плати

„Со репрезентативните синдикати од културата разговаравме за зголемувањето на платите во култрниот сектор. Од нивна страна имаше предлог за кратење на капиталните инвестциии, но и за кратење на културната програма“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Утрински брифинг“.

Таа изјави дека колку што треба да се инвестира во човечкиот капитал, треба да се праваат и капитални инвестиции во установите.

Министерката исто така додаде дека се во ред барањата на културните работници за раст на платите, но дека посакува солидарност со сите кризи кои ја зафатија државата и предложи шест месеци да останат постојните плати, а потоа да се најде решение за големување.

„Имаме четири зголемувања на платите од 2017 година, иако во еден период дел од фелата беше под мерки и не работеше. Сметав дека ќе најдеме солидарно решение, шест месеци да се земаат сегашните плати, а понатаму да најдеме решение за зголемување“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека постои рок од шест месеци, според Законот за минимална плата, за усогласување на платите и дека до тогаш, никој нема да остане без плата.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК