Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Османи – Кимо Лахдевирта: Разменети мислења за надворешнополитичките и безбедносните приоритети на двете земји

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорот на Република Финска во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.

Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи меѓу двете држави и разменија мислења за надворешнополитичките и безбедносните приоритети на двете земји, европската перспектива на Северна Македонија, како и за актуелните меѓународни прашања во новата геополитичка реалност.

Двајцата соговорници посветија особено внимание на руската инвазија на Украина, која претставува грубо кршење на меѓународното право и закана за европскиот безбедносен поредок, и го реафирмираа повикот за итно повлекување на руските воени сили од Украина и интензивирање на преговорите за постигнување мирно решение.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК