Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведена скопјанка, осомничена за даночно затајување

Денеска, во 12.30 часот, на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода С. М. (53) од Скопје.

Таа била барана по централна потерница од Основното јавно обвинителство за истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик – даночно затајување.

Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК