Centar.mk
БИЗНИС

ЕСМ: Последни подготовки пред пуштање на новата фотонапонска електрана во Осломеј

Последни подготовки се вршат на терен пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј.

Увид во активностите денеска извршија заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски, кои на самото место беа информирани за завршните активности и за првичните податоци за перформансите на електраната.

Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.

Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ.

Во моментот во тек е реализација на фотонапонска електрана од 100 MW со јавно-приватно партнерство, исто така на локации на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј.

Можеби ќе ве интересира

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +

Од првите самостојни плаќања до дигитални трансакции, Mastercard Debit Junior ги учи децата на финансиска одговорност

C +