Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мигранти пронајдени во ладилник на камион – ги пријавил самиот возач

На Граничниот премин Богородица вчера во ладилникот на камион биле пронајдени четворица мигранти.

Според информациите, В. П. А. (32) од Унгарија пријавил дека во товарното возило „сканија“, со унгарска национална ознака, кое го управувал, има мигранти.

Полициски службеници извршиле контрола и во внатрешноста на ладилникот биле пронајдени 4 лица – илегални мигранти, од кои 3 од Сирија и 1 од Того. Мигрантите биле однесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК