Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Истрага против 22-годишен скопјанец, дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215од Кривичниот законик.

Осомничениот, во текот на месецов, од засега непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана и кокаин, која ја држел кај себе заради препродажба. На 15 март, при претрес во автомобилот со кој управувал осомничениот, на паркинг-просторот на меѓуградската автобуска станица во Скопје биле пронајдени 104,03 грама марихуана, 0,42 грама марихуана помешана со тутун, како и две пакувања кокаин со вкупна тежина од 2,24 грама.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице​, соопштија надлежните.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК