Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава против тројца дилери на дрога од Тетово, определен притвор

На 20.03.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.С.(29), Н.С.(31) и М.А.(37), сите од Тетово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 ст.3 од Кривичниот законик, при што запленети се 25 полиетиленски пакувања кокаин, како и едно пакување марихуана, а трите лица се лишени од слобода.

Во периодот од месец декември 2021 до месец март 2022, трите лица со цел стекнување на противправна имотна корист, извршиле набавка на кокаин со потекло од Јужна Америка, која потоа во угостителски објект лоциран во Тетово, управуван од страна на второпријавениот Н.С., ја препакувале во помали количини, во зависност од нарачката и ја препродавале. На 19.03.2022 врз основа на наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово, извршен е претрес во угостителски објект на ул.„Видео Смилески Бато“, управуван од Н.С., каде повремено престојувале и С.С. и М.А., во помошен објект адаптиран за одгледување на кучиња, во непосредна близина на угостителскиот објект, личен претрес над лицата, како и претрес на едно патничко возило и два мотоцикли, пришто пронајдени се и одземени 25 полиетиленски пакувања со кокаин, едно пакување со марихуана, мобилни телефони и пари. Лицата се приведени во полициска станица и од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +