23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Етно&Џез проектот на Дани Димитровска и Никола Мицевски со свежо издание на Дејгиди, луди млади години

Аранжманот на оваа легендарна песна е визија на виртуозниот Никола Мицевски, кој во соработка со оригиналната Дани Димитровска, продолжуваат со возобновување на старите македонски песни, носејќи ги во нов, приемчив, уникатен звук. Дејгиди, луди млади години ја слушаме изведена во живо преку видео записот кој е достапен на јутјуб каналот на Дани.

Etno&Jazz проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното; пласирајќи се на еден ненаметлив, лежерен начин, истакнувајќи ја круцијалната суштина за одговор на големото ЗОШТО се одлучиле за еден ваков засебен проект тотално различен од своите авторски делувања.
„Бидејќи е белег, жиг, отисок од прст кои сите го имаме. Бидејќи во суштината сме Едно“, ќе рече Дани Димитровска.

Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот. Николче Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните. Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво, а во планираниот албум гостуваат и други наши врвни музичари. Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во МОБ со 90 минутен репертоар.