Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Му извадија муабет дека бил уапсен за дрога, советник на СДСМ цел на мобинг и лажни вести – Најавува тужба за Левица

– Објавата на Левица дека е уапсен член на советот во општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ е класична дезинформација и лажна вест. Одговорно тврдам не сум приведен и немам сторено ништо противзаконски и против мене нема покренато кривична пријава. Уште еднаш потенцирам дека нема вистина во објавата и доколку не добијам извининување во најкраток рок ќе поднесам тужба за клевета и навреда, вели советникот  Мартин Трајковски.

Претходно на фејсбук профилот на младината на Левица беше споделена лажната вест, која потоа беше споделена на голем број на профили, особено на твитер со цел дискредитација на советникот на СДСМ, но и на партијата.

Објавата и натаму стои на социјалните мрежи не е избришана и покрај тоа што навредува, дискредитира и омаловажува, а притоа се користат и лични податоци.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК