Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 135, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1.
Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.
Регистрирани сe 96 оздравени пациенти од: Скопје – 64, Охрид – 8, Куманово и Велес по – 5, Кавадарци – 4, Битола – 3, Кочани – 2, Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.133 тестови преку: ИЈЗ-189, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-50, Биотек-61, Систина-28, лабораторија Лаор-87, Синлаб-4, Ремедика-0, Плодност-27, Генеа-3, Никоб Лаб-132, ВФВ Медикал-45, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.006.
Досега во земјата се направени вкупно 1.937.970 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126.