Centar.mk
БИЗНИСвест

Германски министер за економија: Снабдувањето со гас за следната зима не е целосно обезбедено

Снабдувањето со гас во Германија за следната зима се уште не е целосно обезбедено, а не се исклучени и прекини во снабдувањето со гас за големите потрошувачи, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

„Ако Германија веќе не добива гас од Русија следната зима, целосното снабдување нема да биде целосно загарантирано“, изјави Хабек, член на Зелените, за Deutschlandfunk.

Во овој случај, законот предвидува одвојување на големите потрошувачи, пред се индустриските постројки, од синџирот за снабдување со гас со цел да се гарантира доволно гас за домаќинствата и објектите како што се болниците. Хабек рече дека федералната влада „прави се“ во моментот за да ја спречи ситуацијата. Хабек го наведе намалувањето на зависноста од рускиот гас како најважна цел.

Германскиот министер за економија денеска патува во Катар и Обединетите Арапски Емирати за да обезбеди доволно количества течен гас (LNG) и течен водород како алтернативно еколошки енергенси. Катар е еден од најголемите светски производители на течен природен гас.

По почетокот на рускиот напад врз Украина и со цел да се намали зависноста од рускиот гас, германскиот канцелар Олаф Шолц најави изградба на два терминали за ЛНГ во Германија.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +