Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Утре облачно и студено со локални врнежи од дожд, а на планините снег

Утре се очекува променливо облачно и студено време, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА НЕВРЕМЕТО: Силен пороен дожд во овие делови од Македонија

ДЕСК

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

C +

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК