25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР: Усогласување на минималната плата и покачување во септември за 5 отсто

Министерството за внатрешни работи информира дека платата на вработените ја исплатува врз основа на Законот за внатрешните работи и колективниот договор. Во согласност со новиот Закон за минималната плата, минималната бруто-плата изнесува 26.422,00 денари.

Платата за вработените во МВР, за најниското работно место, во согласност со систематизацијата на МВР, со статус на овластени лица и полициски службеници, е над предвидената минимална плата, што дополнително би се зголемила со покачувањето од 5 отсто, што ќе почне да се исплатува од септември 2022г.

За вработените во МВР, на кои им се исплатува плата по Законот за работните односи, е извршено усогласување со минималната плата и почнувајќи од март, сите вработени по овој закон ќе имаат усогласени плати, односно зголемени.

Процесот на исплата на плата, како и сите активности што се спроведуваат во МВР, подлежат на проверки и од тие причини МВР и МПС побараа и добија мислење од Министерство за труд и социјална политика, со што потврдена е законската поставеност на процесот на исплата на плати за вработените во МВР. Овој начин на исплата е во интерес на вработените и со основна компонента на плата, вредноста на часови прекувремена, ноќна, викенд, и работа на празник е поголемa во однос на основна плата.

МВР и МПС во наредниот период ќе се залагаат за доследно почитување на претходно договорениот процес на усогласување на платите во соработка со Владата на Република Северна Македонија и Министерство за финансии ќе обезбеди средства за натамошно покачување на платите за вработени во МВР.