12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Николова: Со антикризните мерки на Владата се спречи нов ценовен шок врз граѓаните

Со антикризните мерки на Владата се спречи нов ценовен шок врз граѓаните, изјави на прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа нагласи дека пакетот од 26 антикризни мерки, вреден 400 милиони евра, обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании.

„Со намалување на маржите во комбинација со мерката нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи, како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот, остануваат стабилни. Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и на горивата за транспорт.

Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, а насекаде во регионот таа расте. Бензинот „БС-95“ сега е намален 6,5 денари, а дизелот 9 денари.

Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Речиси 330.000 пензионери за април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и речиси 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош.

Истовремено, важно е да се напомене дека во пакетот антикризни мерки особено внимание е посветено на мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и финансиска поддршка за фирмите преку Развојната банка.

И во време на светски кризи како одговорна партија продолжуваме да работиме на мерки и политики што го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат стабилна економија“, изјави Николова.

Спонзорирано: