Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатени разбојници што краделе од градежни машини кај Матка

Одделението за криминалистички работи од Ѓорче Петров и Полициското одделение Сарај на 13 март ги лишиле од слобода Ј. И. (20) и Ф. И. (23), двајцата од скопското село Глумово.

Како што информираат од МВР, во 14.10 часот тие биле затекнати при извршување тешки кражби од градежни машини, сопственост на две правни лица што изведуваат градежни работи во атарот на селото Горна Матка.

Двајцата биле приведени и со нив бил извршен службен разговор, а украденото е одземено од нив и ќе им биде вратено на оштетените. По целосното документирање на случајот, ќе следуваат и соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК