Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Важно е што сме на иста страна со Бугарија во ова време на криза

„Важно е и тоа што време на криза сме на иста страна, сојузници кои споделуваме стратешки позиции, две држави кои сме на страната на мирот, дијалогот, стабилноста и безбедноста. Јас сум уверен дека напредокот во соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија значи и нов извор на стабилност и можности кои извираат од срцето на Балканот во услови на голема глобална, европска, економска и воена криза“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во изјава за Нова ТВ.

Тој додаде дека со воспоставувањето на новата методологија за секторска соработка меѓу Скопје и Софија интензивирани се односите и се договараат конкретни соработки од кои граѓаните имаат секојдневни придобивки.

„На последната средба потпишавме меморандуми за конкретни соработки меѓу двете државни пошти, како и двегодишна Програма за спроведување на Договорот за соработка меѓу двете министерства во областа на животната средина и управувањето со водите, потпишан 2019 година, а дефиниравме идеи и можности за соработка на полето на борбата против корупцијата, граѓанскиот сектор и развивањето прекугранични електронски услуги за граѓаните“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде деак колку е поголема успешноста од работата на секторските групи, толку полесно и побрзо ќе се надминуваат отворените полтички прашања, што ќе го отвори и процесот на отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.