Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Затворениците од затворот во Шутка донираа крв за повредените во Украина

Затворениците и раководството на затворот „Скопје“ во Шутка организираа крводарителска акција за настраданите во Украина.

Заинтересираност имало, вели директорот на затворот, Филип Андов. Според него, над 50 затвореници досега дарувале крв во знак на солидарност.

„Над педесет единици крв се дарувани до овој момент, односно над 50 затвореници се приклучија во акцијата. Меѓу нив има и осуденици кои издржуваат затворска казна. Акцијата е на доброволна база. За истата е известена и украинската амбасада“, вели Андов.

Акцијата е организирана во координација со Црвениот крст на Македонија, а присутен бил и директорот за извршување санкции, Маријан Спасовски, како и директорот на Клиниката за трансфузиологија, Седула Усеини.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК