Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа во охридско-струшкиот регион

Вчера во 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(26) од с.Јабланица и патничко моторно возило “ровер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(20) од с.Лабуништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “ровер“ О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Можеби ќе ве интересира

Европска експертиза на домашен терен: субпериостални импланти за сложени дентални случаи

ДЕСК

ТРИ ДЕЦА ОДЗЕЛЕ АВТОМОБИЛ ОД АВТОПЛАЦ ВО ДЕБАР – „Форд фиеста“ бил оставен отклучен, со клуч на бравата

ДЕСК

СООБРАЌАЈКА ВО КИЧЕВО – 19-годишник возел со 1,68 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе

ДЕСК