Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

СДСМ: Владата предводена од СДСМ со нови мерки го штити стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМЕ само подгрева паника

Соопштение на СДСМ:

Владата предводена од СДСМ во континуитет се грижи за заштита и унапредување на економскиот стандард на сите категории граѓани.

Во таа насока е и подготовката на нов пакет мерки за надминување на состојбата со економијата, со цел спречување на поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и енергенсите.

Новите, таргетирани мерки, ќе го зачуваат стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за историски раст на пензиите.

Додека Владата изнаоѓа начини за справување со глобалната криза, ВМРО-ДПМНЕ единственото што прави е ширење дезинформации и подгревавање паника кај граѓаните.

СДСМ како одговорна партија, продолжува со реализација на мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, особено на најранливите категории кои остануваат наш врвен приоритет.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК