Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Назначени тројца нови амбасадори, меѓу нив и Фрчкоски

Назначени се тројца нови амбасадори во три држави. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, посочи дека указот за нивно назначување е потпишан и од претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Па така, Агнеса Руси Поповска е назначена за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија. Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Организацијата на Обединетите нации.

„Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24. Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи“, напиша Бујар Османи.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК