Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четворица повредени во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на Сретковски мост.

Несреќата се случила помеѓу две возила: „ауди“ со гостиварски регоистарски ознаки, управувано од 38-годишниот гостиварец В.Ќ. и „сузуки свифт“ со струшки ознаки, што го управувал 53-годишниот стружанец Р.Х.

Во несреќата, М.Ќ.(63), сопатничка во „аудито“ задобила тешки, а двајцата возачи и малолетен сопатник, исто така од „аудито“, телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК