22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Finance Think: Постигнатото решение за усогласување на пензиите е коректно

– Finance Think оценува дека постигнатото решение за усогласување на пензиите е коректно поради тоа што не ја нарушува патеката на стабилизација на пензискиот фонд отпочната по 2019 година, и обезбедува пристојно зачувување на животниот стандард на пензионерите.

Сепак, нагласуваат, решението не е ново и оти постоело претходно пред укинувањето во 2019 година, а предложената промена е само реформулација на решението кое е и моментално во сила. За финсиската помош од вкупно 3.000 денари велат дека е оправдана, но, оти повеќе треба да биде насочена кон оние со пониски пензии. Сепак, нагласуваат, треба да се внимава со ад-хок покажувањата затоа што ако продолжат може да го зголемат дефицитот во пензискиот фонд. -Владата објави дека е постигната согласност со засегнатите страни околу формулата за усогласувањето на висината на пензиите, од сегашното решение за нивно усогласување со порастот на трошоците на живот, на ново решение за усогласување според просекот на порастот на трошоците на живот и порастот на просечната плата. Дополнително, владата определува тримесечен додаток во вкупен износ од 3.000 денари по пензионер, за покривање на зголемените трошоци за електрична енергија.

Finance Think оценува дека ваквото прилагодување е коректно, наспроти претходните изјави за историски-најголеми зголемувања, од две причини – прво не ја нарушува патеката на стабилизација на ФПИОСМ што отпочна по 2019 година, и обезбедува пристојно зачувување на животниот стандард на пензионерите, велат од Finance Think.

Спонзорирано: