Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Левицата ја поддржува Русија во агресијата врз Украина

Соопштение на СДСМ:

„Левицата ја поддржува Русија во агресијата врз Украина.

Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левицата, гласаа против декларацијата за Украина во Собранието.

Димитар Апасиев, партнерот на Мицкоски, ги користи зборовите на Путин. Вчера, и пратеникот Крмов ги нарече Украинците неонацисти.

Недозволиво е да се поддржува воена агресија врз суверена држава, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.

Со оглед на тоа дека Левицата е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и на локално ниво во повеќе општини, Мицкоски треба да одговори кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресија на Русија врз Украина од страна на Левицата?“

Можеби ќе ве интересира

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК