Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ смирува по лажните вести: Граѓаните да бидат спокојни и да не веруваат во лагите на ВМРО-ДПМНЕ, има доволно пченица и стокови резерви

Соопштение на СДСМ:

Наместо конкретни предлози и идеи ВМРО-ДПМНЕ ја користи секоја криза за да шири паника преку лажни вести.

Таква е и денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски полна со лаги и невистини.

Граѓаните да бидат спокојни, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои и пченка и пченица.

Институциите продолжуват со снабдување на државните резерви а се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.

Ситуацијата се следи редовно и внимателно, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ кои освен по штета на интересите на граѓаните и државата ништо друго и не прави.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +