Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата ги презема првите мерки за прифаќање бегалци од Украина

Во контекст на последните случувања поврзани со Украина, на предлог на МНР, Владата на денешната седница усвои Информација за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се принудени да ја напуштат својата држава.

Согласно одлуката на Владата, специфични државни институции се задолжуваат во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.

„На украинските државјани кои се затекнати во Северна Македонија и кои заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои ќе бидат принудени да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез и без обврска за поседување негативен ПЦР-тест за Ковид-19 во Северна Македонија, поради хуманитарни причини“, се наведува во владиното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Сопственик на стан во центарот на Скопје допирал и физички нападнал млада кираџика од Србија

ДЕСК

Брутална и голема тепачка во Скопје: Причината била сообраќајна несреќа, употребени и тврди предмети – тешко утро во главниот град

ДЕСК

Пензионер доживеал хорор во зграда лоцирана во центарот на Скопје: Бил претепан и ограбен

ДЕСК