Centar.mk
ЛОКАЛНО

Се жалеа дека немаат пари за струја, а го поевтинуваат паркингот

Од денеска, 01.03.2022 година, поевтинува зонското паркирање во Скопје. Со новиот ценовник со намалени цени на услугите на јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе бидат опфатени отворените јавни паркиралишта во градот.

Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.

Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влезе во сила на 24 февруари, со добивањето согласност од Советот на Град Скопје, односно по изгласувањето на претходно донесената одлука на седница на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ за намалување на цените за зонско паркирање во градот, информира Град Скопје.

Претходно Арсовска бараше помош од владата бидејќи некои градоначалници немале доволно пари за да ги подмират новите сметки за струја.

Поевтинувањето на паркингот во Скопје наиде и на критики од жителите дека сега ќе се зголеми гужвата на паркинзите во Скопје, а ќе биде се потешко да се најде слободен паркинг за луѓето што им е нужно потребен во моментот.

Можеби ќе ве интересира

Општина Карпош се залага за посилна институционална заштита и општество без насилство

ДЕСК

ДЕЛ ОД ОХРИД И ТРИ СЕЛА БЕЗ ВОДА – Дефект на главниот цевковод, прекинот започнал во 9 часот

ДЕСК

Започна големата еколошка акција „Зелена Општина Илинден“ – засадени декоративни садници во новиот парк во Дељадровци

ДЕСК