13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведена кумановчанка осомничена за запуштање и малтретирање на дете во Старата Скопска Чаршија

Постапувајќи по планот за спречување на појави на питачење од СВР Скопје во содејство со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, вчера во 14.00 часот на ул.“Битпазарска“ поточно на влезот на Старата Скопска Чаршија лишена од слобода била Ф.Б.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од Кривичниот законик.

Имено, Ф.Б со нејзините две деца околу 12.00 часот дошла од Куманово со намера да питачи во Старата чаршија, а од страна на полициски службеници едното дете било затекнато во оскудна облека со картонска кутија во рацете како питачи низ угостителските објекти во чаршијата, а мајката Ф.Б. и другото дете биле на друга локација низ чаршијата.

Пријавената заедно со двете деца биле донесени во Полициската станица Бит Пазар и со неа бил извршен службен разговор за околностите под кои истата го извршила кривичното дело.

Известен бил Јавен обвинител, по целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава по Кривичниот законик.

Спонзорирано: