26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Рускиот амбасадор го гледав директно во очи и му кажав дека ја поддржувам Украина

Во Македонија треба обединетост како нација бидејќи Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата. Бидејќи тоа е иднината за сите нас“, рече Мицкоски.

Тој обвини и дека СДСМ брои лајкови на социјалните мрежи и прави политика, како што рече, кој на која страна бил.

„Јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина“, нагласи Мицкоски.

Според него, покрај Декларацијата за Украина мора да се донесе и Декларација за великанот Гоце Делчев, којашто упорно од СДСМ одбиваат да ја поддржат.

„Тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како симболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.