Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Товарно возило удрило во велосипед на кој се возеле двајца малолетници

Двајца малолетници во Струмица се повредени во сообраќајна несреќа, кога додека се возеле на велосипед во нив удрило товарно возило.

„На 24.02.2022 во 16.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Радовиш, на делница од ,,Василевска Крстосница“, товарно возило „сканија“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(45) од Богданци, удрило во велосипед, управуван од двајца малолетници од Струмица. Во несреќата еден од малолетниците се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица“, велат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК