Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ќе направиме сè за последиците врз домашната економија да бидат што послаби

Премиерот Димитар Ковачевски смирува дека Владата е подготвена да ја заштити домашната економија од предизвиците со кои се соочува светот.

Тој наведе дека внимателно се следи состојбата во Украина, а агресијата ја оцени како закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија.

„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојба, Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“, порача Ковачевски.

Наведе дека преку институциите државата ќе стори сè што е потребно, со цел последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и што послаби.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК