Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Полицијата фати рибокрадци во Охридското Езеро

На 20/21.02.2022 во периодот од 17.00 до 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов.

Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, на околу 1000 метри од брегот на езерото, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми. Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК