24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бесими – Вархеји: Северна Македонија посветено работи на добилжување до европските стандарди

ЕУ перспективите на РС Македонија и очекувањата од француското претседателство за напредокот на процесот на отворање на пристапните преговори биле главните теми на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со комесарот за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји, што денеска се одржа во Брисел.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата биле потенцирани приоритетите на насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управуањето со јавните финансии, забрзување на растот преку инвестиции и истовремена фискална консолидација, како и реформите предвидени во Прогрмата за економски реформи за периодот 2022-2024, за што веќе се почнати консултации меѓу Владата на и ЕК, а кои значат приближување кон ЕУ стандардот.

„Ќе се фокусирамe на имплементацијата на Економскиот и инвестициски план за да овозможиме исполнување на целите на агендата за пристапување во ЕУ, вклучувајќи го и спроведувањето на Зелената агенда, Дигиталната транзиција и другите стратегии и политики на ЕУ за земјите од Западен Балкан“, истакнал Бесими.

Министерот на средбата посочил дека новата Влада останува посветена да го продолжи патот кон ЕУ и дека за тоа нема друга алтернатива.

„Усвоен е Акцискиот план за формирање нова ИПА структура, а националните структури работат посвтено на имплементација на текованта ИПА 2 програма со цел да се искористат што е можно повеќе од доделените средства“, додал Бесими.

Очекувањата на РС Македонија од француското претседателство се да продолжат напорите за остварување напредок во овој процес.

„Владата е подготвена да го продолжи дијалогот со Бугарија за надминување на сите прашања, за што во тек се дискусии за секторка соработка и да се дојде до решенија кои ќе бидат консензуални и прифатливи за двете страни“, порачал Бесими.