Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

24 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Во периодот од 14.02.2022 до 20.02.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 24 учесници во сообраќајот, од кои 23 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК