Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Синдикатот обвинува дека од политичките игри на ВМРО-ДПМНЕ жртва се наставниците

Од популистичките ветувања на опозицијата за помали и погоеми зголемувања на платите, на крајот наставниците не добиваат ништо. Сојузот на синдикати објави соопштение со кое повикуваат да прекинат политичките игри на сметка на наставниците.

Тие бараат усвојување на Законот за наставниците и стручни соработници, со кој освен раст на платите се предвидува и осигурување на работните места на над 4700 наставници и стручни соработници кои во момнетов имаат договори на определно.

„Наставниците коишто немаат решен работен статус се лесна мета за партиските каравани, што го руши достоинството на професијата. Тоа мора да престане. Нема да дозволиме наставниците, нивното достоинство и нивната егзистенција да бидат жртва на политичките игри“ пишува во соопштението на Синдикатот.

Тие повикуваат да прекинат политичките игри на опозицијата и да се седне да се најде заеднички јазик со цел обезбедување на сигурна иднина на сите наставници и стручни соработници.

Можеби ќе ве интересира

Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!

ДЕСК

Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења

ДЕСК

Потпишување на Меморандум за соработка со Управен суд

ДЕСК