17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски на средба со сенаторот Крис Марфи

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

На маргините на Минхенската конференција за безбедност, разговарав со Крис Марфи, член на Сенатот на Соединетите Американски Држави и поранешен конгресмен од Демократската партија. 🇲🇰🇺🇸

Сенаторот Марфи, кој одлично го познава нашиот регион искажа голема поддршка за нашата земја која ја гледа како идна земја членка на ЕУ со заокружен евроатлантски статус, што е особено важно од безбедносен аспект.

На сенаторот Марфи му ја изразив мојата и благодарноста на Владата и граѓаните на Северна Македонија за поддршката која САД ја даваат за нашата земја.

Разговаравме и како исклучително важна ја оценивме регионалната соработка која последните години особено се интензивира и која има посебно значење кога станува збор за можностите за диверзификација во енергетскиот сектор за стабилно снабдување со енергенси.

#MSC2022