Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Детална прогноза за цела недела: Во вторник се очекува промена на времето

Времето денеска наутро во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето, облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 20 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Во Гостивар лишен од слобода бегалец од затвор, спроведен е во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната

ДЕСК

Апсења во Струмица и Валандовско

ДЕСК

Мицкоски со порака за Божиќ: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

ДЕСК